Сериите кои Нетфликс ги прекинува и оние кои завршуваат годинава

Во 2023 година многу серии ќе го доживеат својот крај. Некои од нив, Нетфликс ги прекинува поради слабата гледаност, но на некои им доаѓа крајот на приказната. Иако во 2023 година ќе видиме враќање на некои од омилените серии на Нетфликс, како што се Outer Banks, You и Heartstopper, исто така ќе мора да се опростиме и од неколку популарни наслови.

Серии кои Нетфликс ги прекинува во 2023 година:

1899

Кога беше објавена минатата година, оваа серија дожиева солиден успех, а на IMDb има оценка од 7,4. Сепак и покрај позитивните критики и редовното присуство меѓу популарните серии на Нетфликс, таа нема да добие нова сезона.

„Со тешко срце мораме да ви кажеме дека серијата 1899 нема да биде продолжена. Би сакале да го завршиме ова патување со втора и трета сезона, како што направивме со Dark. Но понекогаш работите не излегуваат така како што планирате“ рече креаторот на серијата Баран бо Одар.

Inside Job

Анимираната комедија е откажана по само една сезона, а тоа го потврди и авторката Шион Такеучи. „Срцето ми се криши што морам да потврдам дека Нетфликс одлучи да ја откаже втората сезона. За време на изминатата година, овие ликови за мене станаа реални луѓе и жал ми е што нема да можам да продолжам да ги гледам како растат“ напиша таа на Твитер.

Dead End: Paranormal Park

По две сезони, откажана е и оваа анимирана серија. „Никогаш не сакавме ова да испадне вака. Дури и направивме соба за сценаристите за третата сезона. Имаме сценаријо, дизајни и подготвени нацрти. Планот беше на овие ликови да им дадеме крај каков што заслужуваат. Но, за жал моќниците тоа не го сакаат“ изјави креатарот на серијата Хамиш Стил.

Uncoupled

По една сезона откажана е и хумористичната серија со Нил Патрик Херис. Оваа серија имаше само осум епизоди, а веројатно е откажана поради краткото задржување во Топ 10 најгледани наслови на Нетфликс.

The Chair

Оваа серија беше објавена на Нетфликс во 2021 година, а во 2023 е откажана по само една сезона. Креирана е од Аманда Пит и Ани Џулија Вајман, а главната улога ја играше Сандра О.

Sex/Life

Прекинувањето на оваа серија беше шок за бројните обожаватели. Еден месец откако втората сезона се појави на Нетфликс, објавено беше дека нова сезона нема да има. Главната актерка Сара Шахи рече дека немала поддршка од луѓето со кои ја креирала втората сезона, како што тоа било случај за време на снимањето на првата.

Bling Empire

Оваа серија која ги пратеше животите на групите богати Азијци кои живеат во Беверли Хилс во Америка е откажана по три сезони. Bling Empire: New York пак беше откажана по само една сезона.

Rebelde

Возобновената мексиканска серија Rebelde е откажана по само две сезони. Глумецот Серџио Мејер Мори ја потврди веста во интервју: „Ќе ми беше чест да можев да работам на трета, четврта и петта сезона од Rebelde, но тоа веќе не е можно. Нетфликс така одлучи. Продуцентите ни рекоа фала ви за се, но трета сезона нема да има“ рече глумецот.

Lockwood & Co

Оваа серија е откажана после само една сезона. Во Нетфликс биле задоволни од серијата, која стана популарна веднаш по објавувањето, но не им се допаднал бројот на гледачи, па не дале зелено светло за втората сезона, пишува Variety.

Серии кои завршуваат оваа година:

The Crown

Иако фановите се надеваа дека оваа серија ќе ги прикаже и случувањата поврзани со Принцот Хари и Меган Маркл, сепак серијата за британското кралско семејство се завршува. Шестата сезона, која треба да се емитува на крајот на годината, го продолжува дејствието од 1997 година, кога принцезата Дијана трагично загина и се очекува да го следи животот на Кралицата Елизабета во раните 2000ти години.

Never Have I Ever

Објавена е четвртата сезона од оваа тинејџерска серија, но тоа ќе биде и последната. Кокреаторката Минди Калинг рече дека „Четири сезони за средношколска серија имаат најмногу смисла. Не можете да бидете во училиште засекогаш. Исто така, глумците стануваат псотари. Би било лудо да гледаме некој со 34 години да глуми лик кој има 15“.

The Umbrella Academy

Снимањето на четвртата сезона само што не започнало, но потврдено е дека тоа ќе биде последната сезона од оваа серија. Таа ќе биде пократка од претходните и ќе има само шест епизоди. Новата сезона ќе биде објавена на крајот на 2023 година или на почетокот на идната 2024.

Firefly Lane

Последната сезона на серијата во која глумат Кетрин Хајгл и Сара Чок ќе заврши со втората сезона, која ќе биде поделена во два дела. Првиот дел беше објавен минатата година, а неодамна беа објавени и осумте епизоди од вториот дел.

Manifest

Откако серијата беше префрлена од Ен-Би-Си на Нетфликс, објавена е дека четвртата сезона ќе биде последна. Џеф Рејк, креаторот на серијата, беше воодушевен со тоа што откако Нетфликс ја презеде оваа серија таа доби нов дом и првично беше планирано да има шест сезони. Сепак, веројатно поради падот во гледаноста, таа ќе заврши со четири.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс