Скопје помеѓу десетте најлоши градови за живеење во Европа

Град познат како одлично место за одмор во Италија се најде на врвот како европски град најлош за живот, а во најлошите 10 градови за живеење се најде и главниот град на Македонија.
Фото: Делфина, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Во истражувањето на Европската комисија биле анкетирани жители од цела Европа, оценувајќи ги градовите врз основа на клучни фактори како што се живеалишта, зелени површини и здравствена заштита.

Додека повеќето Европјани изразувале задоволство со својот живот, некои многу популарни туристички дестинации, сепак се дом за најнезадоволните жители на континентот.

На листата на 10 најлоши градови за живеење за најдоа дури шест градови од Балканот, а главниот град на Македонија, Скопје, се наоѓа на осмата позиција.

10. Подгорица, Црна Гора

Подгорица, главниот град на Црна Гора, се наоѓа на 10 место според задоволството на жители. И покрај тоа што Црна Гора има атрактивен брег кој привлекува бројни туристи, нејзиниот главен град очигледно не буди ист интерес. Нешто помалку од жителите на Подгорица сметаат дека градот е гостопримлив за ЛГБТИ+ лица, а 22 отсто од жителите на Подгорица рекле дека се чувствуваат осамено.

9. Мишколц, Унгарија

Мишколц, индустриски центар во североисточна Унгарија и четврти по големина град во земјата, не ги задоволува жителите. Помалку од половина од жителите се чувствуваат безбедно на улиците ноќе, а помалку од 25 отсто веруваат дека е лесно да се најде добра работа во градот. Дополнително, локалниот здравствен систем не ги исполни очекувањата на многу жители.

8. Скопје, Македонија

Скопје, главниот град на Македонија, е меѓу европските градови со најниско ниво на задоволство на жителите. Само 13 отсто од скопјаните веруваат дека квалитетот на нивниот живот е подобрен во последните пет години. Дополнително, помалку од 40 проценти од луѓето рекле дека чувствуваат дека можат да им веруваат на другите во нивниот град.

7. Рим, Италија

Фото: Sergey Ashmarin, CC BY-SA 3.0, via Wikimedia Commons

Иако Рим е водечка туристичка дестинација во Европа, тој е лошо рангиран во смисла на задоволство на жителите. Само три отсто од тие кои живеат во италијанската престолнина веруваат дека нивниот квалитет на живот се подобрил во изминатите пет години. Исто така, помалку од половина од жителите на градот сметаат дека Рим е добро место за живот на постари лица.

6. Белград, Србија

Белград, главниот град на Србија, е меѓу градовите во Европа со најниско ниво на задоволство на жителите. Само 38 отсто од жителите на Белград мислат дека можат да им веруваат на своите сограѓани. Додека околу 60 отсто од нив се задоволни од вработувањето. Помалку од половина од градското население е задоволно од системот на јавен превоз.

5. Неапол, Италија

Неапол, вториот италијански град на листата на ниско задоволство од животот, се бори и покрај неговата популарност меѓу туристите. Само 66 отсто од жителите изјавиле дека се среќни што живеат во градот. Дополнително, само 58 отсто веруваат дека Неапол е соодветно место за млади семејства, а помалку од половина од населението се чувствува безбедно додека пешачи ноќе.

4. Тирана, Албанија

Тирана, главниот град на Албанија, е рангиран како еден од најнеповолните градови во Европа за живеење, а само 66 отсто од жителите изјавиле дека се задоволни од нивните животни услови. Помалку од 30 отсто од луѓето веруваат дека Тирана е место за ЛГБТИ+ луѓето, а помалку од 40 отсто мислат дека градот нуди соодветни зелени површини.

3. Истанбул, Турција

Фото: Christiaan Triebert/Flickr

Во Истанбул, помалку од 40 отсто од жителите сметаат дека градот е соодветно место за стари лица, а помалку од половина се чувствуваат безбедно да одат по улиците по стемнување. Довербата меѓу жителите е исто така ниска, а само 27 отсто веруваат дека можат да се потпрат на другите во градот. Покрај тоа, само 10 отсто од луѓето веруваат дека е лесно да се обезбеди добро и достапно домување.

2. Атина, Грција

И покрај тоа што е врвна туристичка дестинација, Атина е лошо рангирана во однос на задоволството на жителите. Само нешто повеќе од 20 отсто од нејзините жители лесно наоѓаат добра работа во грчката престолнина. Помалку од 40 отсто се задоволни од јавните простори во градот, а има и големо незадоволство од нивото на загаденост.

1. Палермо, Италија

Фото: Ralf Steinberger, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Палермо, главниот град на Сицилија, има најмалку задоволни жители во Европа. Само 62 отсто од неговите жители изјавиле дека се задоволни од животот во градот, а само четири отсто веруваат дека таму ќе најдат добра работа. Жителите исто така сметаат дека Палермо е премногу бучен, а само шест отсто го оцениле како чист. И покрај овие проблеми, приморскиот град останува многу барана дестинација за одмор.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс