5 Октомври – Меѓународен ден на учителите

Сојузот на просветни работници ќе го додели признанието „Просветен работник на годината“

Настанот ќе се одржи во ЈУДГ „Детска радост“ во Скопје

Сојузот на просветни работници, по повод 5 Октомври – Меѓународен ден на учителите, денеска ќе го додели признанието „Просветен работник на годината“ за учебната 2023/24, од сите нивоа на образование. 

На настанот во ЈУДГ „Детска радост“ во Скопје, како што најавија организаторите, обраќања ќе имаат министерката за образование и наука Весна Јаневска, министерот за социјала, демографија и млади Фатмир Лимани, градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и претседателката на Сојузот на просветни работници Лидија Николовска Георгиевска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс