Познатата американска глумица, манекенка и пејачка Грејс Беверли Џоунс, денес (19 мај) го слави нејзиниот 75, роденден.

Грејс Џоунс е родена на 19 мај 1948 година во Јамајка, од каде што се преселува во Њу Јорк, заедно со семејството. Наскоро започнува кариера како манекенка за познати модни куќи како Ив Сен Лоран и Кензо, а се појавува и на насловните страни на списанијата Воуг и Ел.

Освен со манекенство, Грејс Џоунс има светски успешна кариера како пејачка и глумица. За многумина таа е кралица на стилот и модна икона која е суверена на светските сцени повеќе од 40 години.

Сето ова е доволна инспирација нашиот познат дизајнер Зоран Кардула да и го честита роденденот со овие врвни дигитални портрети.