Стрип Трип Фестивал Скопје

Младинскиот културен центар, Скопје го најавува првото издание на Стрип Трип Фестивал #Скопје кој ќе се одржи на 17 и 18 јуни во МКЦ.

Според најавата програмата ќе содржи:

• Дискусии и презентации на најнови домашни и регионални стрип изданија
• Гости автори и издавачи
• Изложба на реномирани стрип цртачи
• Супер музичка програма
• Работилница за цртање стрип за деца
• Филмска програма
• И берза на стрипови

Од МКЦ најавуваат повеќе информации за учесниците и програмата во периодот што следи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс