Едно од лицата кои што се заслужни сите овие моменти да бидат поретки, па и непостоечки на големата сцена е неготинчанката Даница Илиева, која што веќе 40 години работи како суфлерка во Драмскиот театар. Таа својата кариера ја започнала 1983 година. Сопруга е на актерот Диме Илиев со кого имаат три деца, а едно од нив, ќерката Трајанка Илиева Вељиќ – Таци е актерка. Сакале или не, брачниот пар Илиеви работниот век го поминале низ театрите.
Даница никогаш не помислила да ја смени својата професија и му останала верна суфлерството. Таа улога доволно ја исполнувала нејзината креативна страна и ѝ овозможувала на Даница целата претстава да си ја замисли од почеток до крај. Суфлерството е многу суптилна професија, па затоа таа никогаш не дозволила да дојде момент во претстава каде што не знаела што се случува, од светло, тон, паузи, па се до сценографија. Како најважна работа во оваа професија Даница ја акцентираше довербата меѓу суфлерот и актерот. Актерот е тој кој што, доколку дојде се блокира, целосно се потпира на суфлерот, се со цел да продолжи со својата изведба. Претставата не смее да се прекине, па и затоа со текот на времето Даница развила различни знаци, мимики и гестови се со цел да и помогнат да сигнализира и комуницира со актерите. И станала многу успешна во тоа. Многумина актери ја посочуваат како нивен составен дел при играта на сцена.

Даница неодамна се пензионираше, а нејзината суфлерска кариера брои 104 различни претстави, некои од нив прикажувани десетици, но некои и стотици пати. Првата претстава на каде што Даница суфлирала, била “Дупло дно” од режисерот Слободан Унковски, која што константно се играла повеќе од две години. Иако не можеше да издвои, на прашањето кои ѝ се омилени претстави каде што суфлирала, Даница се присети на “Амадеус”, “Медеа” и “Првиот здив”. Додека пак претстави кои најдолго се играле и имале повеќе од 100 изведби, биле “Не сега драга, најдобро е попладне”, “Грев или шприцер” и “Чија си”.
Даница во својата четири децениска кариера, ниту еднаш не се случило да погреши за време на претстава, таа секогаш била со фокус на текстот што се наоѓал пред неа. Таа додаде дека дури и три пати суфлирала без текст.
Кога станува збор за работата со актерите, Даница потенцираше дека секој е посебен на свој начин. Некои биле полесни за работа, некои потешки, на некои не им требало текст, други пак ги збунувало тоа што Даница чекорела пред или зад нив.
За сите оние кои што сакаат да работаат како суфлер, Даница посочи дека е од круцијално значење е своите проблеми да ги остават пред вратата од театарот, да бидат спремни со часови да седат во театар и да работаат со 100 проценти концентрација. Од друга страна, исто така важен момент е и добрата артикулација и дикција на суфлерот, за да може полесно да го разбираат актерите.