Детски креативен центар во Младински културен центар, Скопје

Театарски и едукативни работилници за деца-  „Касни – порасни“

Од 01 до 12 јули од 18:00 до 19:30 часот, ќе се одржат театарски и едукативни работилници за деца КАСНИ – ПОРАСНИ, во просториите на Детскиот креативен центар во Младински културен центар, Скопје. 

Креативни и едукативни театарски работилници се врз база и инспирација од книгата „Касни – порасни“ од големиот и значаен македонски автор Петре М. Андреевски.

Работилниците ќе се реализираат во неколку фази во кои ќе се работи на креативна интерпретација на песните од збирката, која вклучува ликовни изработки и моделирање, запознавање со театар на сенки (фигури, филтри, бои), индивидуална и групна работа на сцени, работа со текст, работа со тело и говор. Крајниот резултат ќе биде аудиовизуелна презентација во вид на театарска претстава со сенки, и изложба на изработките од креативниот процес. 

Учеството е бесплатно, а повикот за учество трае до 30 јуни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс