Три момчиња повредени во тепачка пред средно училиште во Тетово, приведен 15-годишник

Три момчиња на возраст од 15 до 19 години се повредени во тепачка пред средно училиште во Тетово, а полицијата приведе 15-годишник од Желино.

Три момчиња на возраст од 15 до 19 години биле повредени во тепачка што се случила пред средно училиште во Тетово, во која биле употребени остри предмети. Полицијата привела 15-годишник од Желино, осомничен дека нападнал две момчиња.

Според СВР Тетово, случајот бил пријавен вчера во 16:40 часот од Клиничката болница во Тетово, откако таму биле донесени А.К., 19 години, и М.А., 18 години, со повреди од остар предмет.

„По преземени мерки, утврдено е дека тие пред средно училиште во Тетово биле нападнати со остар предмет од 15-годишникот, кој исто така се здобил со повреди“, изјави портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.

Полициски службеници го лишиле од слобода 15-годишникот, а на местото на инцидентот биле пронајдени нож и шрафцигер.

За случајот е известен јавен обвинител, а од СВР Тетово најавуваат дека по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс