Невремето што во средата попладне ја зафати континентална Хрватска однесе два животи во Загреб и еден во Славонија, десетици луѓе се повредени во главниот град на Хрватска, а материјалната штета е огромна.
Невремето придружено со дожд и бурен ветер во Загреб носеше се пред себе. Од паѓање на дрво загинале двајца мажи, 50-годишен пешак и 48-годишен возач, а загина и 40-годишен маж од општина Черник, кој бил во автомобил на кој паднало дрво. Невремето зафати неколку хрватски жупании, но најголема штета и најмногу повредени има во Загреб.
Never have I ever witnessed such a storm in Zagreb. It caused absolute chaos..
— ACMatt (@ACMatt93) July 19, 2023
Some of the footage from it, it was insane. pic.twitter.com/dZj6CGGlg7
Дирекцијата за цивилна заштита (РЦЗ) извести дека во Загреб се повредени „неколку десетици луѓе“, а болниците пријавиле околу 60 повредени. Едно лице е тешко повредено и во Загребската жупанија, информираат од РЦЗ во извештај од 19:30 часот. Само во загрепската болница „Свети Дух“ се примени 19 лица, од кои тројца се здобиле со тешки физички повреди, но само едно од нив останало на болничко лекување.
Во Загреб и Загребската жупанија, итните и комуналните служби имале повеќе од 1.300 интервенции. Ветрот носел сè пред себе – гранки и лимени покриви, разни предмети, урнал оџаци, корнел дрвја, ги остави градските патишта пренатрупани, а трамвајскиот сообраќај до доцните вечерни часови не бил целосно обновен. Пожарникарите интервенирале приоритетно за расчистување на главните градски сообраќајници.
Stay safe Zagreb 🙏
— 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪⬢4️⃣2️⃣⬢ 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪forty-two 𒐪𒐪𒐪𒐪𒐪 (@fortytooo) July 19, 2023
🌪️🇭🇷 pic.twitter.com/uq0Wq7mofq
Социјалните мрежи се преплавени со видеа од последиците од невремето. Регистрирани се паднати тераси и поројни поплави кои накратко го зафатија центарот на градот, паднати дрвја од сите урбани средини кои често паѓаа врз автомобили, како и силен ветер кој носеше ќерамиди и лимени покриви.
Сите болници во Загреб даваат здравствена заштита на пациентите, потврди Министерството за здравство, иако невремето не ги заобиколи ниту болниците – поплавени се просториите во Свети Духу и КБЦ Ребро. „Ова е невидено невреме“, изјави по средбата со пожарникарите градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, кој помага во расчистувањето на градот, а сите надлежни служби се на терен.
Zagreb#caosvima pic.twitter.com/OC8rCxE6jv
— Dalilina kuma Goca (@kumagoca) July 19, 2023
Последиците од невремето се забележани и во другите делови од Хрватска – неколку лица се повредени во Пожешко-славонската жупанија, штети на згради се регистрирани во Вуковарско-сремска, Крапино-загорска и бјеловарско-билогорска жупанија, додека во други делови на континентална Хрватска невремето предизвикало потешкотии во сообраќајот и прекини во снабдувањето со електрична енергија.
@ Zagreb today 😳😳😳😳 pic.twitter.com/0fQzncdeJW
— HRVATI TORONTO (@Croatia365) July 19, 2023
Материјалната штета предизвикана од невремето во Хрватска допрва ќе се утврдува, а премиерот Андреј Пленковиќ најави дека Владата ќе помогне во санирање на настанатата штета.
Извор: Vecernji