Вечерва во „Буква“ ќе настапи дизастер џез квартет од Белград Džezbollah, кој комбинира влијанија од локалната панк/нојз и фри-џез/импров сцена и ги претвора во политички набиена какофонија која е одраз на империјализмот на Блискиот Исток и на Балканот. Траката „Liquidate All Assets“, која се појави минатата година, предизвика умерен шок во меѓународната медиумска заедница.
Џезболах моментално е на проштална турнеја, така што ова е ретка прилика да се видат и слушнат во живо.