Внимание: Тик Ток – Да се забрани, да се ограничи или да се користи?

„Внимание“ прашува: Поради насилство, во Албанија комплетно се забрани тик-ток на една година, дали треба да се забрани и кај нас? А еве што велат граѓаните: „Би требало, пошто после последниве трендови, со детето со струен удар што снимало тик-ток, мислам дека ДА“, „Да, не само на една година, мислам дека воопшто не треба да постои“, „Не, нема потреба“, „Не, родителите да внимаваат од која возраст треба да им дадат на децата да се служат со социјалните мрежи“.

Граѓаните кажуваат и „Како да ги заштитиме младите од опасните предизвици и содржини на социјалните мрежи?“ – „Едукацијата од дома е многу важна, и само разговор, разговор, разговор…“, „Емисии треба да има, во училиштата, програми, кои ќе работат со децата. Сите треба да бидат вклучени за децата да бидат заштитени од такви „предизвици“,“ велат граѓаните.

Граѓаните дадоа и различни одговори на прашањето „Според вас, од колку години младите би требало да имаат пристап на социјалните мрежи?“ – „Од 15 години, па натака“, „Ајде, ако не е 18…, барем да е 16 години“, „од средно училиште“, „најмалку 12 години“…

Добивме интересни одговори и на прашањето „Времето поминато во тоалет е поудобно со телефон или со добро списание во рака?“ Граѓаните се одлучни и дека треба да се забранат тик ток, фејсбук и играње игрици за вработени во јавна администрација: „Сигурно. На многу шалтери кога сум одела, на телефон се. Ние чекаме. Сега, дали зборуваат, или нешто куцкаат, се допишуваат, не знам, меѓутоа, тоа не е во ред“, вели една скопјанка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс