„ВО ФОКУС” претставува циклус настани кои се организирани од страна на Книжевен клуб – Куманово, во кои ќе има гостувања на македонски автори.
Со авторите ќе се дискутира за нивната книжевна дејност како и за нивните гледишта, критики и ставови на одредени тематики. Разговорите ќе бидат базирани на психолошки, филозофски или културолошки аспект и позиција на човекот како поединец во општествена заедница.
„ВО ФОКУС” настаните ќе бидат реализирани во просториите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
Организатрот наскори ќе ја објави програмата за настанот.