Во соработка со „Продукцијата Триангл Пулс” и „Скопје Сити мол”

Започнува шестиот циклус на детскиот театар  „Мој театар – Сити театар”

Детскиот теaтар „Мој театар -Сити театар” по шести пат годинава ќе ги отвори вратите за најмалата публика со многу музичко драмски престави наменети за деца од три од седум годишна возраст. Преставите кои се со несекојдневни, богати визуелно технички ефекти, исполнети со ласерски анимации се во продукција на „Триангл Пулс” и ќе се изведуваат во „Скопје Сити мол”.

– Продукцијата е составена од професионални уметници и опстојува активно 10 години со импозантен број на реализации и повеќе од 1800 изведби. Ние сме единствена продукција во нашата држава со специфичен пристап на презентација на театарот со музика изведена во живо. Сите изведби се несекојдневни и преку интерактивноста која се спроведува за време на претставите, публиката има можност да партиципира и биде составен дел од претставите – вели Десанка Глигоријевиќ, режисер и раководител на „Продукцијата Триангл Пулс”.

Во изборот на претстави во „Мој театар -Сити театар” има и претстава со специјални ефекти- гледана со 3Д очила, која важи за исклучително комплексна форма на изведба. Сценографијата на сите претстави во Сити театарот се на Зоран Тошевски, а техничката поддршка е со K&D Audiо.

Средствата собрани од продажбата на билети ќе бидат донирани во  хуманитарни цели. Мотото на годишениот циклус престави е „Од дете за дете, да подадеме рака, да уживаме и другаруваме“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс