Земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Индонезија

Епицентарот бил во областа Минахаса, на длабочина од 104 километри. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Земјотрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди индонезиската област Минахаса, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според објавените информации, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 104 километри.

Засега нема официјални информации дали има повредени лица или дали земјотресот предизвикал материјална штета.

е-Трн да боцка во твојот инбокс