Јане Теохаревски – „Без омраза и без граници“ во Темишвар

Aкционизмот `Без омраза и без граници` – повикува на распознавање на феноменот на омразата, како една реалност на денешнината. Една од вредностите на светлината  како метафора (`Осветли го градот преку тебе`, слоганот на Темишвар 2023), се однесува и на енергијата и креативната сила испратена од овој годинешен европски град на културата кон сиот свет, во овој случај со надеж за анулирање на омразата и со надеж за една ренесанса, преку хуманост и култура.

Во темишварската населба `Калеа Шагулуи`, токму на улицата `Александру Мачедонски` , пристигнува реинкарнираниот романски поет Александру Мачедонски (1866-1920), татко на романскиот симболизам кој, на повеќе јазици (романски, македонски, руски, украински, англиски, бугарски, грчки, албански, унгарски итн.), чита една од неговите песни `Омраза` но, и `Мојот рондел` каде, се извинува за чувствата за силната  омраза која ја чувствувал порано. Рецитира, на присутните жители и минувачи им ги поделува спомнатите поезии и со нив споделува лични искуства и мислења за омразата воопшто.

Во улога на Мачедонски се појавува Јане Теохаревски, историчар на уметноста, автор на проектот. Настанот ќе се одржи кон крајот на месец мај, а е спонзориран од Фондацијата Заев и Стопанската и индустриска комора на Прахова, Романија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс