„Љубовната соба“ на Сузана Диневски го освојува признанието за најдобар документарец на фестивал во Молдавија

Документарниот филм „Љубовната соба“, во режија на Сузана Диневски, беше награден за најдобар документарен филм на реномираниот фестивал Сербест | SIFF | во Кишинев, Молдавија. Филмот, кој обработува интимни љубовни приказни на жени чии сопрузи се на издржување затворска казна во Идризово, беше избран како најдобар меѓу 42 земји во конкуренцијата.

Признанието на фестивалот Сербест следи по претходната награда за „Љубовната соба“ на Меѓународниот документарен фестивал Genesis во Пекинг. Во наредните месеци, филмот ќе биде дел од селекции на неколку други значајни фестивали, вклучително и оние во Тирана, Вели Лошињ и Баку.

Режиран и продуциран од Диневски, со поддршка од Агенцијата за филм, филмот ги истражува социјалните и емотивни аспекти на затворските брачни посети, нудејќи искрен поглед во светот на семејствата на осудениците.

е-Трн да боцка во твојот инбокс