Американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден закажа државен погреб на поранешниот претседател Џими Картер за 9 јануари во Вашингтон.
Бајден, исто така, го прогласи 9 јануари за национален ден на жалост низ САД и нареди американските знамиња да бидат на половина копје 30 дена од неделата, објави АП.
Џими Картер, 39-тиот претседател на Соединетите Американски Држави и добитник на Нобеловата награда Наградата за мир, почина синоќа на 101-годишна возраст во својот дом во Плејнс, Џорџија, изјави неговиот син Џејмс Е. Картер Трети, не наведувајќи точна причина за смртта.