По успешните изданија во Скопје 2023 и Малага во април 2024 година

AI Tech Summit повторно во Скопје во oктомври

Како најголем технолошки настан со фокус вештачка интелигенција во Југоисточна Европа, AI Tech Summit очекува над 700 учесници и 25 говорници од различни сектори

AI Tech Summit, водечкиот настан професионалци во областа на вештачката интелигенција на Балканот, ќе се одржи повторно на 3-ти и 4-ти октомври во Националната опера и балет.

Како најголем технолошки настан со фокус вештачка интелигенција во Југоисточна Европа, AI Tech Summit очекува над 700 учесници и 25 говорници од различни сектори. По успешните изданија во Скопје 2023 и Малага во април 2024 година, ова трето издание ќе биде најголемо досега.

Учесниците ќе имаат единствена можност да се запознаат со најновите иновации во областа на вештачката интелигенција и да слушнат од врвни експерти, претставници на светските гиганти како Microsoft, Amazon, Google, NVIDIA, UBS и многу други. Самитот ќе покрие широк спектар на теми, од најсовремени технолошки решенија до практични апликации на вештачката интелигенција во различни индустрии.

-За разлика од минатата година, годинава голем дел од фирмите и луѓето ентузијасти за вештачка интелигенција, се веќе запознаени со AI Tech Summit- от. Има огромен интерес од регионот, посебно од Србија, Косово, Албанија, но имаме голем интерес и од цела Европа, па дури имаме заинтересирани учесници од САД. Тоа се компании кои што работат на полето на вештачката интелигенција, но исто така имаме голем интерес од компании кои што не се толку запознаени со моќта на вештачката интелигенција и сакаат да научат нешто повеќе или да применат некои од технологиите во нивните индустрии и во нивните фирми. И впрочем како што кажав, ова е мулти- димензионален самит на вештачка интелигенција каде што луѓе од најразлични индустрии ќе зборуваат како апликативно  ја применуваат вештачката интелигенција во нивните компании. Инаку зборуваме за говорници од „ Amazon “, „Google “, „Nvidia “, „Vodafone “, „Microsoft “, „Ubes“ од финансискиот центар, „JPMorgan Chase “… Имаме голема плејада на меѓународни учесници и говорници кои што ќе зборуваат како апликативно ја применуваат вештачката интелигенција во рамки на нивните компании и нивните индустрии – вели Филип Аврамчев, еден од организаторите на АI Tech Summit.

Оваа година, меѓу поистакнатите говорници се: Малте Фирлус, ЕУ политики за вештачка интелигенција и дигитални уреди, Amazon, Ева Псалти, Директор за вештачка интелигенција, Microsoft, Петар Величковиќ, Истражувач, Google DeepMind, Екатерина Сиразитдинова, Виш научник за податоци за длабоко учење, NVIDIA, Барт Винман, Менаџер за вештачка интелигенција, KPMG

Зошто AI Tech Summit?

AI Tech Summit служи како динамична, мултидимезионална платформа за нетворкинг на технолошките професионалци и споделување на знаења на најновите технологии и нивната апликативна примена, како и за можностите но и предизвиците кои ги носи вештачката интелигенција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс