Бјело дугме ја изведе „Плукни и запеј, моја Југославијо“ во Сплит, публиката со поделени реакции

Легендарниот југословенски бенд „Bijelo dugme“ одржа спектакуларен концерт во Сплит, изведувајќи ги своите најголеми хитови. Концертот, кој привлече бројна публика, кулминираше со песната „Pljuni i zapjevaj moja Jugoslavijo“, која ја изведе пејачот Ален Исламовиќ.

Меѓутоа, реакциите од публиката беа поделени. Додека еден дел од посетителите се забавуваше и пееше заедно со бендот, други изразија незадоволство и негодување, испраќајќи свирежи кон бината. Дополнително, на големиот екран зад членовите на бендот се појави знамето на поранешната Југославија, што ги разлути некои од присутните.

„Неочекувано, не ја пееле оваа песна со години“, се слушна од публиката, додека свирежите продолжија. Песната, чиј текст вклучува стихови како „Pljuni i zapjevaj, moja Jugoslavijo!“, предизвика силни емоции и дебата меѓу публиката.

И покрај контроверзиите, концертот помина со голем одзив и значително внимание од медиумите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс