Бизарни, екстравагантни и елегантни костими од Мет Гала 2023

Како и секоја година Мет Гала е настанот на кој се презентираат едни од најелегантните, екстравагантните и целосно откачени облеки за кои се зборува со месеци.

Оваа година Мет Галата беше посветена на покојниот дизајнер Карл Лагерфелд со цел да му се даде признание како на еден од најпочитуваните и најуспешни дизајнери.

Настанот редовно има хуманитарен карактер, а билетите оваа година достигнаа 50 илјади долари, додека за резервација на маса богатите и славните издвојуваа 300 илјади долари.

Корисниците на интернет изминатите денови ги искажаа своите ставови за костимите кои продефилираа на Мет Гала, а Bored Panda избра 30 кои привлекоа најмногу влијание.

е-Трн да боцка во твојот инбокс