Кустос водичот Бојана Јанева од нашиот Музеј на современата уметност – Скопје беше избрана од Управниот одбор на Балканската мрежа на музеи да земе учество на годинашната Меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, која се одржа во Тиват, Црна Гора.
„Ми претставуваше голема чест што бев избрана да ја претставам работата на Одделот за едукација и стручно водење при МСУ-Скопје, каде зборував за мојата музејска пракса при водење музејски тури пред поширока публика. Особено сум задоволна и благодарна за реакциите на моите колеги од другите музеи во регионот по претставувањето, со кои почнавме да договараме можни соработки и продлабочена размена на знаење, искуства и споделени музејски пракси.“, вели Јанева.

„Meet, See, Do” e меѓународна музејска конференција за заштита на културното наследство во време на криза, организирана од БАЛКАНСКАТА МРЕЖА НА МУЗЕИ, во која членуваат бројни музеи, граѓански организации и културни работници од регионот. На годинашното, осмо по ред, дводневно издание земаа учество повеќе од 70 учесници од 17 европски земји со презентации на успешни музејски практики, панели и интерактивни работилници.
На конференцијата беа преставени и две европски програми, во кои Балканската мрежа на музеи е партнер: SHIFT, за нови технологии за поголема пристапност на културното наследство за слепи и слабовидни лица и АURORA, истражувачки проект за иновативни начини за заштита на културното наследство од нелегални дејствија.
Конференцијата во Тиват беше финансирана од The Headley Trust UK и кофинансирана од Европската Унија преку програмите SHIFT и AURORA.