Четворица вработени во скопската Зоолошка градина под здравствен надзор

Eден од вработените, покажал симптоми на покачена температура и дијареја и истиот ќе биде тестиран за вирусот, изјави денес за медиумите Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

Четворица од вкупно 15 вработени во скопската Зоолошка градина (ЗОО) ќе бидат ставени под здравствен надзор по потврден случај на птичји грип кај угината гуска на 20 октомври. Eден од вработените, покажал симптоми на покачена температура и дијареја и истиот ќе биде тестиран за вирусот, изјави денес за медиумите Директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), Марија Андоновска.

„Здравствен надзор согласно протоколите не подразбира карантин и изолација, туку медицинско следење во текот на следните две недели дали ќе пројават било каков симптом кој понатаму би требало да се испитува дали се работи за птичји грип. Вработените секојдневно ќе бидат контактирани од епидемиолози и ќе се следи нивната здравствена состојба“, вели Андоновска.

Андоновска увери дека не постои опасност за посетителите на Зоолошката градина, освен ако не биле во директен контакт со заразените птици.

Зоолошката градина ќе биде затворена за посетители на период од 21 ден, потврдија претходно од Агенцијата за храна и ветеринарство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс