“Цртај на мaкедонски јазик” – со визуелна уметност до јазична писменост

Изложбата “Цртај на мaкедонски јазик” обедини 10 млади ликовни автори во идејата преку своите дела да поттикнат правилна употреба на македонскиот јазик и стекнување на јазична писменост. Се работи за проект на ДЛУМ поддржан од Министерството за Култура во кој учествуваат  млади автори кои активно се бават и истражуваат во различни медиуми на творење во визуелната уметност.

Темата на оваа изложба е преку ликовните дела на младите уметници да се поттикне правилната употреба на македонскиот јазик во пишаната комуникација и да се стекне јазична писменост – граматички точно пишување интегрирано со развивање на ликовни уметнички искуства.  

– Можам да кажам дека слоевитоста на оваа идеја е многу важна за сите нас, бидејќи станува збор за фокусирање на  македонскиот јазик со една мала ротација- Цртај на македонски јазик и со самото тоа се инспирираат младите уметници да ги користат двете уметности, уметноста на говорот и пишаниот збор од една страна и визуелната уметност од друга страна. Во таа интересна симбиоза се направени делата на младите уметници – вели професор Маја Рауник Кирков од ДЛУМ.

Организаторите на изложбата се водеа од идејата да го активираат креативниот потенцијал на младите уметници во имагинативен пристап кон актуелната ситуација на многуте јазични, правописни и синтаксички грешки кои се јавуваат во тек на секојдневната комуникација на социјалните медиуми.

-Различните гледишта на точно една провокативна идеја која е многу актелна во времето во кое живееме и која зборува за нашиот идентитет, за правилната употреба на јазикот и го покажува нивото на нашата култура, нашето цивилизациско ниво и како ние тоа го канализираме, како го процесираме и како ги учиме новите генерации. Го покажува комплетниот наш идентитет, но и индивидуалниот идентитет кој е навистна различен. Тој  идентитет презентиран на оваа изложба не носи до идејата дека секој на свој начин треба да го искористи тој начин на цртање, пишување и размислување за македонскиот јазик на најубав начин и да го примени во секојневниот живот и секако да ја почитува јазичната норма – вели професор Маја Рауник Кирков.

На изложбата во просториите на Арт Хаб своите дела ги покажаа авторите: Марта Патлиџанковска, Лусиана Ампева, Дорина Тенева, Ана Спасова, Ивана Самандова, Кристијан Јованоски, Озбек Ајваз, Драганчо Таневски, Славица Таневска и Дејвид Стоилковски.

-На изложбата се преставувам со две мои дела кои што се всушност дел од циклусот македонска мисла, каде што ги презентирам македонските народни поговорки аплицирани на парчиња облека кои се направени на еден традиционален начин,односно самите букви се инспирирани од византиските букви што се користеле, но се поставени на еден посовремен начин. Правам дури и еден своевиден тип на илустрација на самите поговорки со што правам една симбиоза, еден спој на македонската традиција, на македонското кирилично писмо и на целиот израз кој што иако е со букви е визуелен и сликарски- вели ликовната уметница Славица Танеска.

За Дорина Танева која неодамна дипломира на ФЛУМ, голема чест е да изложува свои дела со колеги кои ги смета за многу силни автори.

– Јас како млад човек мислам дека ми е должност да творам. Немам друга опција. Мислам дака ова е многу добат чекор за сите кои изложуваме и се надевам дека ќе има и понатаму вакви изложби и иницијативи, особено за нашиот јазик и идентитет вели Танева.

Како дел од изложбата се и креативни налепници на Ивана Самандова со кои преку визуелен и полу-хумористичен, директен начин се одзиваат честите грешки во македонскиот правопис. Тие се веќе распространети низ јавните простори на градот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс