Викендов Дојран живееше во ритамот на еден од најубавите фестивали во земјава. Под отвореното небо над езерото, околу 20.000 посетители уживаа во Опен- ер фестивалот кој годинава понуди околу 300 учесници во музичката и во дополнителни програми кои траеа без прекин, ден и ноќ. На пет сцени во кампот покрај езерото настапија повеќе од 50 познати домошни и светски имиња.”Д фестивал” и годинава креираше една нова перспектива на уживањето во добра музика. Организаторите создадоа фестивал кој ја слави индивидуалноста и самоизразувањето и притоа промовира културно разбирање и едно поинакво, потолератно општество. Викендов “Д фестивал” беше звукот на Македонија. И тоа најубавиот звук што може да се слушне деновиве.
Дел од таа енергија и звук ја прененесуваме во видеото.