МВР вчера уапси девет лица кои возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие полицијата уапсила 16 возачи поради безобѕирно управување возило, од кои девет возеле без положен возачки испит. Четворица од нив биле запрени во Скопје, а останатите во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње.
Фото: Илустрација/МВР

Од деветте лица кои управувале автомобил без положен возачки испит, четворица биле затекнати во Скопје. По едно лице било приведено во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. 

МВР соопшти дека во истиот период биле уапсени и четири лица кои возеле под дејство на алкохол. Тие биле затекнати во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци.

Полицијата привела и двајца возачи кои управувале возило и покрај изречена забрана за управување со моторно возило. Едниот бил во Македонски Брод, а другиот во Велес. 

Меѓу приведените е и државјанин на Шведска, кој на автопатот А1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. 

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата повторно апелира до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без положен возачки испит, под дејство на алкохол или за време на изречена забрана за управување. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс