Поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, Џил Бајден, за првпат отворено прозборе за личната и семејна борба откако на нејзиниот сопруг, експретседателот Џо Бајден, му беше дијагностициран метастазиран рак. Во емотивното интервју, таа истакна дека семејството е фокусирано на поддршката, заедничкото време и не дозволува страхот од болеста да им ги одземе сите преостанати моменти.
Соочувањето со метастазиран рак донесе целосен пресрт во животот на семејството Бајден. Џил Бајден сподели дека по првичниот шок, приоритетите веднаш се промениле. Фокусот на медицинските третмани, терапиите и одржувањето на физичката кондиција станале дел од нивното секојдневие, но главната битка се води на емотивен план, да се зачува присебноста и позитивниот дух.
Осврнувајќи се на сопствениот психолошки пристап кон болеста, Џил посочи дека наместо предавање на песимизмот, избрале свесен пристап кон секој нов ден. Таа нагласи дека неизвесноста е дел од секој човечки живот, но во вакви моменти постанува очигледно колку секој момент со блиските е драгоцен. Семејството останува опкружено со најблиските роднини и пријатели, кои пружаат постојана поддршка во текот на лекувањето.
Здравствената состојба на поранешниот американски претседател е под постојан надзор на специјалистички медицински тим. Метастазираниот рак бара интензивен третман и прилагодување на дневните активности, но од неговиот тим наведуваат дека се преземаат сите потребни терапевтски чекори со цел одржување на највисокиот можен квалитет на живот.