Е – ново музичко издание на Горан Кан за ПМГ рекордингс

Горан Кан е несомнено еден од нашите најактивни, но и најквалитетни продуценти на современа електронска музика. Неговото искуство и успех како диск џокеј, заедно со динамиката на работа како звучен инжињер, го подига квалитетот на неговата музичка продукција на супер високо и возбудливо ниво. Сега веќе ветеран на македонската клубска сцена, Горан Кан ја започна кариерата како DJ и продуцент во 1998 година, креирајќи House и Techno музика. Од својата прва резиденција 2001 година во клубот ‘Хавана’ Скопје, па до денес, Горан има настапувано во сите позначајни клубови низ Македонија, како и во околните земји. Редовно настапува и на фестивали од типот на Exit, Love Fest, Summertrip. Како продуцент има издавано за Primal Force, Soma и еден куп реномирани странски и домашни лејблови кои третираат современа електронска музика. Има издадено и 2 електронски албуми, еден за својата издавачка куќа Kerkez music и еден за PMG Recоrdings.

Токму со ПМГ Рекордингс соработува на нова серија изданија, кои се карактеризираат со современ техно бит и македонски вокали. Автентично и модерно, првото сингл издание под име Е, со неколку одлични ремикси, штотуку се појави, како 209то по ред издание на оваа дискографска куќа. Промо настанот по повод ова издание, ќе се случи во петок, на 5ти мај, во скопскиот техно клуб Минус Еден, со диџеј настапи на авторот Горан Кан и стариот добар Мирко Попов, кој стои позади ПМГ етикетата. Две имиња кои гарантираат висока динамика на подиумот за танц.

На следниот линк можете слободно да го спуштите целото Е издание. Повелете: https://pmgrecordingsk.bandcamp.com/…/goran-kan-e-pmgr209

е-Трн да боцка во твојот инбокс