Во понеделник на 13- ти мај од 18 часот на малата сала во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе биде прикажана едукативна претстава за најмалите „Младиот чорбаџија“.
Театарската претстава ,,Младиот чорбаџија” е работена според мотивите на делата на Марко Цепенков. Оваа претстава е направена со цел да на децата им го прикажеме народното творештво преку театар.
„Преку оваа претстава доближува нашата традиција до децата, и укажува на многу клучни нешта кои се важни за нив, а тоа е однесувањето кон семејството.“ велат од Центарот за култура.
Сценографијата, костимите и музиката се изработени во духот на македонското традиционално творештво.