ENGAGE Youth 2024 и оваа година ќе обезбеди едукација и инспирација за младите

ENGAGE Youth 2024 годинава ќе се одржи на 17 мај во Центарот за култура Дебар со почеток од 13 часот.

На настанот ќе зборуваат млади активисти и преку своите говори ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, активизам, еко-активизам, мотивација и култура во локалните заедници.

Говорници на првиот ENGAGE Youth за ова година се:

Ноли Османи кој ќе зборува на тема: „Како да ги поттикнеме младите од Дебар за локални промени преку активизам и застапување“?

Арта Ќерими која ќе зборува на тема – „Зошто е значаен еко-активизмот? Каква улога имаат младите во борбата за поздрава животна средина?“

Дарко Беровски ќе зборува на тема : „Како да ги поттикнеме младите од Дебар за локални промени преку активизам и застапување? Зошто треба постојано да се спознаваме? Приказни од „Спознавање“ за културен и музички активизам“.

Мики Крстев е последниот говорник кој ќе зборува на тема: „Како да ги поттикнеме младите да размислуваат за битните, горливи локални проблеми?“

 Со 4 атрактивни говорници, ENGAGE Youth и оваа година ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за млади, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството.

е-Трн да боцка во твојот инбокс