Skip to content
Facebook Instagram Youtube
Search
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн

Еве што значи логото на „Mercedes”

Логото на „Mercedes” се базира на трикрака ѕвезда од 1909 годин, а идејата ја замислил Готлиб Дајмлер уште кон крајот на 19 век
  • 15/06/2025
  • 08:31
  • Е-билтен
  • Следи го Трн на Google

“Mercedes” тивко го промени својот иконичен логотип – без големи најави, медиумски настани или спектакуларни презентации.

На почетокот на 2025 година, “Mercedes – Benz” дискретно ја освежи познатата трикрака ѕвезда, без многу медиумско внимание. Од февруари 2025 година, познатиот логотип повеќе не се користи во својата тродимензионална, хромирана верзија, туку во рамен, бел дизајн, пренесува “Auto Bild”.

Новиот минималистички дизајн веќе е присутен во годишниот извештај на компанијата, на социјалните мрежи, во електронските писма и во официјалната кореспонденција. Сепак, љубителите на класиката можат да здивнат – препознатливата сребрена “3D” ѕвезда останува на хаубите, воланите и фелните на автомобилите.

Ова не е првпат “Mercedes” да експериментира со рамен логотип – уште во 2007 година тестираше ваков дизајн, но брзо се врати на “3D” изгледот. Последната поголема промена беше во 2011 година, кога беше претставена полирана тродимензионална верзија.

Значењето на трикраката ѕвезда

Логото на „Mercedes” се базира на трикрака ѕвезда од 1909 година. Идејата ја замислил Готлиб Дајмлер уште кон крајот на 19 век и симболизира амбицијата на компанијата да создава мотори за копно, вода и воздух. Првично се користела на разгледници и промотивен материјал, а во 1911 година официјално станала заштитен знак.

По обединувањето на “Daimler” и “Benz” во 1926 година, настанал брендот “Mercedes-Benz”. Тогашниот нов логотип ги споил трикраката ѕвезда и ловоровиот венец од логото на “Benz”.

Низ децениите, логото претрпе многу промени – се менувале материјалите, димензиите и стилот – но трикраката ѕвезда останала заштитен симбол. Златната боја е заменета со сребрена, која и денес е препознатлив естетски белег на брендот.

Минимализмот како нов тренд

Новото лого е едноставно, бело, без сенки и рефлексии – во склад со дигиталниот минимализам кој доминира кај производителите на електрични возила. Слични редизајни веќе воведоа и компании како “Volkswagen”, “BMW” и “Renault”.

Иако реакциите се поделени – некои го пофалија заради современиот изглед, додека други го сметаат за премногу поедноставен – од “Mercedes” порачуваат дека класичната “3D” ѕвезда и понатаму ќе ги краси нивните автомобили.

Најново

Третото државно квиз првенство во септември, почнува и новата квиз сезона
  • // 27.08.2026
  • 18:26
  • // Култ-арт
Непал и Кина стравуваат од излевање езера, се закануваат нови поплави
  • // 27.08.2026
  • 18:20
  • // Глобал
Делчево затвора четири селски училишта поради драстичен пад на учениците
  • // 27.08.2026
  • 18:16
  • // Свесно
Глечерот што ги предизвика смртоносните поплави во Непал создал потрес од 5,2 степени
  • // 27.08.2026
  • 18:00
  • // Глобал
АВМУ смета дека нападите за Арена спорт се неосновани
  • // 27.08.2026
  • 17:59
  • // Свесно

Најчитано

  1. ЕК го објави распоредот за поместување на часовникот до 2031 година
  2. Сахарска прашина стигнува во Македонија со новиот топлотен удар
  3. Дата центри: што се и зошто толку трошат струја местата каде што живее интернетот
  4. Гевгелија со 35 степени уште во 11 часот, викендов локални невремиња со град
  5. Трамп за средбата на шефот на ЦИА во Москва: Можеби ќе произлезе нешто од тоа
Читај повеќе

Ана Петаноска во РеТрн: искрен разговор, музика од душа и големи соништа

Ристо Вртев Архангел интервју за Трн

Ристо Вртев (Архангел) по 23 години повторно во студио: За новата музика, концертот и оловните дни

Наталија и Драган во РеТрн ДУО: Уметноста што ги поврзува

Внимание, комплименти паѓаат од небо, граѓаните реагираат!

Лара Иванова во РеТрн: ритам, енергија и соништа без граници

RYCO: Како младите на Западен Балкан учат да соработуваат преку култура

Колумни

  • Адријана Георгиев

Островот што го носам со себе

  • Адријана Георгиев

„Tradwife“, естетика на покорност во дигиталната ера

  • Катарина Лука

Телото слуша

Боцкаме во сабота

Жарко Иванов: „Флипбук“ годинава ќе ве изненади, насмее и збуни

Неделен Трн

„Земјиште“, нов краткометражен филм што преку експериментален и колективен пристап ги преиспитува сопственоста и заедништвото

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Теми

  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн
  • Култ-арт
  • Бунт
  • Зелено
  • Свесно
  • Глобал
  • Сторија
  • Органик
  • Хај-тек
  • Жолт Трн

Инфо

  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
  • За нас
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт
Facebook Instagram Youtube
  • Политика за приватност
Сите права се задржани © 2025 | Трн.мк