Во четврток, на 4-ти мај, во Младинскиот културен центар, музичката група „Фулиш грин“ ќе има концертна промоција на последниот албум „Soul Revival“, а свои настапи ќе имаат и „Фанки Фреш“, диџеј Гоце и диџеј Чваре, ЛД Пистолеро и Р.О.Н.И.Н од „Легијата“, како и Рутсман од бендот „Конкверинг лајон“.
Групата „Фулиш грин“ постои десетина години и зад себе брои локални и европски настапи. На концертот покрај новигте нумери бендот ќе има изведба и на постари песни. Концертот ќе се искористи како повод да биде одбележан десетгодишниот јубилеј од излегувањето на првиот албум на групата – „Escape“. Токму затоа програмата на настанот е со поголем број артисти.