Пред 31 година на денешен ден, група припадници на Војската на Република Српска извршија попис на луѓето на пазарот во Требиње. Откако дознале дека еден од легитимираните лица е Ален Главовиќ, Бошњак, почнале да го малтретираат и тепаат. Тогаш на помош на Главовиќ дошол Срѓан Алексиќ, кој бил претепан од четворица војници со кундаци од пушки. Срѓан Алексиќ од повредите паднал во кома и починал шест дена подоцна. Младиот херој од Требиње ќе остане во историјата, како светол пример за хуманост и патоказ за подобра иднина.
Кој е Срѓан Алексиќ?
За оние кои не знаат, а ги има многу, да напоменеме дека тој бил помлад рекордер во пливање и актер аматер од Требиње, меѓутоа она по што остана најмногу запаметен е како најголемиот Србин на сите времиња. Во крвавата 1993 година, овој млад човек застана сам среде Требиње против четворицата српски војници, кои го нападнаа неговиот пријател муслиман, Ален Главовиќ. Пред очите на минувачите и полицајците војниците до смрт го претепале Срѓан со кундаци од пушки. Ален го напушти Требиње заедно со четири и пол илјади Бошњаци. Трудовите за доброволното иселување ги потпишал Божидар Вучуревиќ кој рекол: „Горд сум што заминаа на цивилизиран начин“. Таткото на Срѓан на погребот рече: „Мојот син ја изврши својата човечка должност“. Адвокатот на обвинетиот рече: „Тоа му требаше кога ја бранеше балијата“. Еден од убијците подоцна починал, а неговата слика денеска се наоѓа во спомен-собата на касарната на ВРС во Требиње, покрај сликата на Срѓан Алексиќ. Единствено заедничко им е тоа што се Срби. Добрица Ќосиќ нема да го споменува во својата нова инсектолошка историја. Срѓан не е херој за кој пеат националните бардови. Само една уличка во Нови Сад во Србија ќе го носи неговото име, еден од оние мали градски премини кои служат за побрзо поминување на луѓето и животите. Така, кога нашите животи ќе поминат низ преминот Срѓан Алексиќ, и кога ќе ги прашаат жителите на Нови Сад по кого е именувана улицата, нека кажат: „Срѓан Алексиќ беше помлад рекордер во пливање, актер аматер и најголем Србин во тоа време.“
Ален Главовиќ денес живее во Шведска, оженет е и има две деца. Секоја година го посетува Требиње, гробот на Срѓан и неговиот татко. Петнаесет години по смртта на Срѓан, една улица во Сараево го добила името „Улица Срѓан Алексиќ“.