Холивудскиот актер Ренди Квејд тврди дека Џин Хекман и неговата сопруга биле убиени

„Џин Хекман и неговата сопруга се жртви на убиство. Некоја банда ѓубриња го изведе ова и се обидува да го исценира. Престанете да зборувате само за неговите филмови – така им дозволуваме на убијците да поминат неказнето“, напиша Квејд на социјалните мрежи.

Холивудската легенда Џин Хекман, неговата сопруга Бетси и нивното куче беа пронајдени мртви во нивниот дом во Санта Фе, Ново Мексико. Телата ги открил нивниот чувар, а околностите под кои починале сè уште не се утврдени.

Познатиот актер Ренди Квејд тврди дека станува збор за убиство.

„Џин Хекман и неговата сопруга се жртви на убиство. Некоја банда ѓубриња го изведе ова и се обидува да го исценира. Престанете да зборувате само за неговите филмови – така им дозволуваме на убијците да поминат неказнето“, напиша Квејд на социјалните мрежи.

Ренди Квејд

Според изјавите на шерифот на Санта Фе, Адолфо Мендоза, првичните наоди покажуваат дека двајцата не биле изложени на јаглерод моноксид. Патолозите ќе спроведат дополнителни анализи за да ја утврдат точната причина за смртта.

Пејсмејкерот на Хекман ја забележал својата последна активност на 17 февруари, што најверојатно го означува и денот на неговата смрт.

Истражните органи продолжуваат да работат на овој мистериозен случај.

е-Трн да боцка во твојот инбокс