Полицискиот детектив од Остин по име Дени Рурк (Бен Афлек) седи во канцеларијата на терапевтот. Неговата ќерка беше киднапирана на игралиште – тој ја гледаше, а потоа наеднаш, пуф, снема – и приказната беше на сите вести со месеци. Полицаецот совесно присуствува на неговите задолжени сесии за психо-евалуација. На Рурк конечно му е дозволено да се врати на работа, а тој и неговиот партнер (Џ.Д. Пардо) се назначени на акција. Две банки во Тексас се ограбени; и во двата случаи, виновниците украле само еден сеф. Тие добиваат информација дека Банката на Остин е следната цел.
Потоа се случува една интересна работа работа: Рурк и неговиот тим гледаат човек (Вилијам Фихтнер) како седи на клупа пред зградата што ја гледаат. Господинот започнува муабет со една жена до него за тоа дека е жешко денес. Следното нешто што го знаете, таа ја соблекува облеката и влегува во сообраќајот. Рурк мисли дека овој човек е разбојникот. Тој го следи во банката, каде неколку вработени се чини дека се под негова ментална контрола. Полицаецот прво доаѓа до сефовите. Внатре има… слика од неговата исчезната ќерка?! Потоа неговите партнери го напаѓаат, осомничениот исчезнува, а Рурк се наоѓа во бегство со тарот гатачка по име Дијана (Алис Брага).

Запрете нè ако веќе сте го слушнале ова: Маж се наоѓа во ситуација во која ништо не е како што изгледа; тој мора да се потпре на помошта од странци за да ги избегне мистериозните луѓе кои го гонат; и светот околу него продолжува да се искривува. Ова е заплетот и ако препознаете дека овој опис лесно може да се примени на десетина други филмови, веројатно не е случајност. Идејата дека бескрајно инвентивниот филмаџија како Роберт Родригез, ќе направи филм со кој ќе влезе во кругот на психолошките трилери кои го предизвикуваат мозокот е возбудливо во теорија. Реалноста – збор што овде многу се фрла, но се чини дека нема никаква тежина – приказната продолжува да се врзува во јазли. Ова не е хипнотизирачкиот невро-ноар каков што сакате да биде. Поблиску е до Inception за тие кои не сакаат да размислуваат.
Пресврти се околу секое вистинско и/или замислено ќоше, како што може да очекувате, иако колку сте „воодушевени“ од слоевитите откритија и лажни траги ќе зависи од тоа што сте го проголтале пред да го гледате филмот или дали сте претрпеле неодамнешна повреда на главата. Неколку работи што треба да ги знаете: постои организација позната како „Дивизија“. Нешто наречено „Проект Домино“ постојано се повторува. Ако ги облекувате вашите лоши момци во соодветни црвени блејзери, тие дефинитивно ќе изгледаат како најзаканувачките агенти за недвижности во светот. Бен Афлек е еден вид на стара школа, убав холивудски главен лик, кој знае да глуми и во глупави филмови, но веројатно и тој има некоја граница. Реплики како „Имате психички блок што е заклучен во трезор, во бункер длабок 10 метри!“ не е нешто што некој треба да биде принуден да го каже, во филм или на друг начин.
Само затоа што се допираат теории на заговор и теоријата на социјално моделирање не ве прави Матрикс. Комплицираноста и тешкиот за следење наратив не ве прави паметни, туку лесно може да станат синоними за хаос. Не може секој да биде Кристофер Нолан. Некои не треба ни да се обидуваат.

Родригез е еден од ретките филмаџии кои успевале да CGI и останатите ефекти да направат да изгледаат уметники, уникатни и забавни. Тој, исто така, може да преминува од ноншалантност во високонапнато темпо со леснотија и без губење на ритам. Меѓутоа, со Hypnotic, се чини дека нешто витално е изгубено во преводот. Тоа, или едноставно приказната останала заробена под евитните финти за креирање неизвесност. До моментот кога Родригез ќе почне да ги реплицира оние познати превртени градски пејзажи и подвижни згради, ќе добиете чувство дека гледате кавер, на хит сингл на друг автор. Една од главните точки на заплетот на филмот зависи од способноста на некои особено надарени јасновидци да можат да ги избришат сопствените спомени. Што не би дале за таа конкретна моќ во моментов.
Извор: Rolling Stone