Илјадници жени на улиците на Сирија: Почитувајте ги женските права!

Илјадницитете жени во Камишли испраќаат силна порака дека не се подготвени да се откажат од своите права, без разлика на големите промени во сириската политичка сцена.

Илјадници жени се собраа во североисточниот сириски град Камишли и побараа новите исламистички владетели во Дамаск да ги почитуваат женските права и да стават крај на воените операции поддржани од Турција во северните региони на земјата. Нивната рекација следи по значајните политички промени во Сирија, земја во која конфликтот трае повеќе од една деценија

Демонстрантите, меѓу кои имаше активистки, мајки, студентки и жени од различни делови на североисточна Сирија, иом дадоа до знаење на новите сириски власти дека не прифаќаат никаква форма на дискриминација или потчинување на жената. Тие носеа транспаренти и извикуваа слогани за еднаквост и почитување на женските права, додека многу од нив го вееја зеленото знаме на Единиците за заштита на жените (YPJ), женската милиција вклучена во пошироките Единици за заштита на народот (YPG).

Откако опозицијата ја превзеде контролата врз Дамаск, соборувајќи го Башар ал Асад пред околу две недели, се формираше нова администрација со исклучително конзервативни исламски ставови. Од тука произлегува широкиот страв дека исламско-конзервативната власт во Дамаск ќе ги укине правата на жените, воспоставени во курдските области. Портпаролот на сириската преодна влада, Обаида Арноут, минатата недела изјави дека „биолошката и физиолошката природа“ на жените не им дозволува да ги извршуваат сите владини функции. Овој став предизвика протести во Дамаск, а сега дополнително ги мобилизира жените во североисточна Сирија,

Илјадницитете жени во Камишли испраќаат силна порака дека не се подготвени да се откажат од своите права, без разлика на големите промени во сириската политичка сцена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс