Историјата на тоалетите: Некогаш изметот се собирал во кутии, денес вц школките прават анализа на здравјето

Дали знаевте дека тоалетите спасуваат животи? Без нив, опасните болести би се ширеле неверојатно брзо. Денес е тешко да се замисли модерен дом без тоалет, но како точно бил измислен?

Ние  решивме да го дознаеме одговорот на ова прашање и сакаме да го споделиме со вас.

Најстариот, а истовремено наједноставниот канализациски систем со 2 канали, направен од камен и кори од дрво, е пронајден во Шкотска. Изградена е околу 3000 п.н.е. Од друга страна, кинескиот антички тоалет функционирал така што требало да влезете во т.н специјална кабина за да го користите. Отпадот паѓал низ канал кој се сливал во јама.

Интересно е тоа што праисториските цивилизации ги користеле отпадните води за наводнување (Месопотамија, долина на Инд) уште од бронзеното време, а тоа е ооколу 3200-1100 п.н.е. По нив, отпадните води ги користеле и хеленските цивилизации, а подоцна и Римјаните. 

Во средновековна Англија широко се користеле таканаречените тоалет тенџериња. 

Најбогатите луѓе во домовите имале тоалети кои биле поседбна просторија, како ограден балкон, со отвор за отпад. Во Лондон, во тоа време, повеќето богати семејства имале такви тоалети, но низ градот постоеле и јавни тоалети, но проблемот бил во тоа што фекалиите директно се влевале во Темза. Сакајќи да го променат тоа Англичаните ги заманиел домашните и јавните тоалети со т.н тоалет  тенџериања. Тие наликувале на денешните вц школки со седиште и капак. Проблемот кај ваквите тоалет тенериња бил во тоа што по користењето некој морал да ги празни и чисти.

Првите тоалети кои можеле лесно да се плакнат, без да шират непријатни мириси

Во шеснаесеттиот век, Сер Џон Харингтон го измислил тоалетот што може да се исплакне. За жал, неговиот изум остана незабележан се додека Александар Каминг не разви цевка за одвод во форма на S, а со тоа се спречило појава на непријатни мириси. Подоцна, Томас Крапер ја подобрил цевката во форма на S со тоа што ја претворил во цевка во форма на буквата U.

Развојот на тоалетите во 21 век – паметни вц школки

Технологијата постојано се развива, а многу модерни тоалети имаат автоматско испирање, а  вакумски тоалети може да се најдат во авионите и возовите. Технологијата толку напреднала што некои од овие тоалети го претвораат отпадот во компост за прихрана на растенијата.

Денешните високо-технолошките тоалети повеќе наликуваат на вселенски бродови отколку на тоалети и можат автоматски да се исплакнат и да сокријат звуци. Постојат дури и тоалети кои можат да ви ја тестираат урината и изметот, па дури и да го измерат вашиот крвен притисок, телесна температура и нивото на шеќер во крвта. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс