Користејќи ја креативната енергија, Лидија Пачемска Џонс во својот дизајнерски опус создаде фотелја, ламби, модуларна маса од рециклирање хартија надоградувајќи ги со својот препознатлив уметнички талент.
Во Лабораториум, в петок, 27 септември од 20 часот ќе бидат претставени нејзините изработки, надополнети со слики од нејзиниот опус, кои ги обработува во три различни серии: Урбани птици, Магична шума и Сенки.