Карикатури инспирирани од Први Мај

Остен Скопје и Трн започнаа соработка преку која на порталот ќе се објавуваат карикатури од Светската глаерија на карикатури. Трн има намера да се актуелизира темата со значењето на карикатурата како критички и уметнички жанр, кој во последните години го нема заслужениот третман. Иако карикатуристите се сметаат за визионери, критичари, креативци, уметници… сепак, мал е медиумскиот простор кој им се отстапува, а уште позагрижувачка е ситуацијата во која творат неколутемина македонски карикатуристи. Трн ќе даде свој придонес во ширењето на цртежите кои исмеваат и чија вредност ја потврдува токму колекцијата на Остен. Во следните денови ќе објавиме разговор со извршната директорка на Остен Скопје, Корнелија Конеска, која ни пренесе информации за недостатокот од млада генерација карикатуристи и за отсуството на општественото значење на овој вид критика и уметност.

Во продолжение објавуваме три наградени карикатури на тема Први мај, кои се дел од Светската галерија на карикатури. Првата е на авторот Shahrokh Heidari од Франција, наградена со Прва награда на 51 издание на Светската галерија на карикатури, во 2019 година.

Втората карикатура е на Michel Moro Gomez од Куба, која има добиено Посебна награда на 50 Светска галерија на карикатури, во 2018 година.

Истата година, 2018-та, и истата Посебна награда освоил карикатуристот од Хрватска, Ратко Маричиќ, за карикатура инспирирана од Први Мај.

Поголем број карикатури, на тема Први Мај, но и на многу други можете да погледнете на интернат страницата на Остен.

е-Трн да боцка во твојот инбокс