Концерт на Lelee од Љубљана и My Tear од Скопје во Porta Jazz, Битола

Во четврток (2. ноември) во 20:30 часот во Porta Jazz во Битола, Ponder организира
концерт на музичките групи Lelee од Љубљана, Словенија и My Tear од Скопје како дел
од нивната културна програма.
Уникатниот бленд на балканско ДНК црпено од Битола, преку Белград, до Љубљана ги
прави Lelee еден од највозбудливите инди-рок акти во регионот. Со нивниот поп-шарм и
балкански мелос проткаен низ цврстата ,,направи сам” музичка етика, Lelee се една од
највпечатливите музички појави во изминативе години, а во четврток за прв пат ќе имаат
концерт во Битола.


Nestaješ: https://youtu.be/cn7hqVmDLXw
Čudo: https://youtu.be/CHF8dogyyf4
Kopnež: https://youtu.be/-Z2nvm00xm4
Вечерта ќе им се придружи култното скопско трио My Tear. Со нивните силни њувејви
синт матрици надополнети со неверојатно енергичниот сценски настап, овие ветерани на
македонската независна сцена ќе ни приредат атак на сите сетила како што само тие
умеат.


На старите станици: https://www.youtube.com/watch?v=ueytPxTaFC4
Остави ме да бидам: https://www.youtube.com/watch?v=hbL36f38QYs

Цена на влезниците изнесува 150 денари.

Ponder е независна битолска културна иницијатива која има за цел промовирање на
независната култура и живата уметност кај младите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс