Во четврток на 23-ти мај во 20 часот во Фамес Студио на улица Лазар Поп Трајков бр. 22 а ќе се одржи уште еден концерт на Оркестарот на FAME’S Институт.
На концертот, оркестарот FAME’S ќе изведе разновидна програма, предводена од Дајан Луи, со различни музички стилови вклучувајќи блуз, џез, електронска музика, хип-хоп и многу повеќе.
За време на концертот публиката ќе има можност да го слушне и моќниот глас на Џони Фиори, позната по улогата на Мотормут Мејбел во лондонската продукција на „Лак за коса“ во режија на Џек О’Брајан. Нејзиниот глас може да се слушне и во тематската песна на Пауер Ренџерс и „Херкулес“ на Дизни како дел од Трите музи.
Овој концерт го означува финалето на оркестарскиот курс „Recording & Carte Blanche“ и завршувањето на Семинарот #5 во рамки на Институтот FAME’S.
Диригент е Дајан Луи од САД, а вокал е Џони Фиори од Обединето Кралство.
Ве молиме конктактирајте нѐ преку порака за резервација.
—