Концерт на студентите од Музичката Академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

На трети јуни во 19 часот во УГ „Безистен“ ќе се одржи завршниот концерт на студентите од Музичката Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип.

Настанот е дел од Меѓународен фестивал за современа музика што се одржува во Штип од 27 мај до 3 јуни.

На фестивалот концерти имаа многу познати светски имиња од различни држави, а се одржаа и мастеркласови на кои овие врвни уметници, гости на фестивалот одржаа предавања за студентите од Музичката академија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс