Организаторите на фестивалот на денешната конференција за печат ја најавија програмата за трите фестивалски вечери, кои ќе се случуваат на малата сцена во Македонската филхармонија и во Младинскиот културен центар и предвидуваат најквалитетна и најразновидна програма досега и неколку промоции на нови музички изданија.

„Ми се чини дека нашиот фестивал полека почнува да добива облик, па и да стои на сопствени нозе. Четврто издание, најквалитетна и најразновидна понуда досега, атрактивни гости, цврста автентична домашна програма, како директен одраз на работата на нашата дискографска куќа. Фестивалот активно соработува со европската програма МОСТ, локалните културни оператери „Аудиокултура“, а се јавуваат и други потенцијални соработници. Полека, но сигурно, обликуваме нешто препознатливо, нашата визија е се појасна и за нас и за публиката. Одиме напред“, истакна Мирко Попов, кооорганизатор на фестивалот.
Програма на фестивалот:
*18 мај, 20 часот, мала сцена Филхармонија
-Дамир Имери Трио, Р.С. Македонија
-Перфорто (Perforto), Полска
*19 мај, 19 часот, лоби кино Фросина – МКЦ
-Промоција на најновото винил издание на ПМГЏез, компилацијата „Крај Вардарот Џез Vol.2“
-21 часот, кино Фросина, Филип Букршлиев/Благојче Томевски, Глигор Кондовски/Владан Дробицки (Р.С. Македонија)
*20 мај, 21 часот, денсинг сала МКЦ
-„Ларта“ (Р.С. Македонија), проектен состав на тапанарот Дино Милосављевиќ
-И ѕвездите на фестивалот, „Чуи“ (Chui) од Хрватска