Крушево е и официјално прогласен за Град на културата за 2023 година. Од општина Крушево порачуваат дека тоа ќе биде целогодишната прослава на уметноста, историјата и живите традиции. Активностите поврзани со Крушево – Град на култура започнуваат на 26 мај, 2023 со настан кој ќе ја најави годината на културна фузија на Крушево.
17.00ч Мартиноски – сеќавања на крушевскиот маестро, уметничкото патување на големиот уметник.
••• локација • Галерија “Никола Мартиноски”
18.30ч Безвременска хармонија – концерт на евергрини на Камерниот оркестар на Битола, во придружба на хор и единаесет солисти
••• локација Македониум