Мачка пешачела 1500 километри за да се врати дома

Мачката Реинбо се изгубила во Националниот парк Јелоустоун на почетокот на јуни, а две месеци подоцна е пронајдена како си оди дома, откако поминала дури 1500 километри од Вајоминг до Калифорнија.

Мачката се изгубила на 4 јуни кога со сопствениците биле на прошетка во природа. Додека кампувале таму, мачката исчезнала, а сопствениците ја барале четири дена, но безуспешно.

„Кога се враќавме во Салинас, каде што живееме, на влезот во пустината Невада, здогледав двојно виножите. Го фотографирав и помислив дека тоа е знак дека со нашата мачка се ќе биде во ред“ се сеќава сопственичката на мачката Сузан Ангвијано.

Во август семејството добило порака од компанија, која произведува микрочипови дека нивната мачка се наоѓа во Организацијата за превенција на сурово однесување кон животни во Розвил, Калифорнија, речиси 1500 километри од Јелоустоун, а само 322 километри од нивната куќа.

Жената која прва ја видела мачката како шета по улиците на Розвил ја хранела и ѝ давала вода додека не ја фатила на 3 август не ја однела во локалниот шелтер. Веќе следниот ден, семејството отпатувало да си ја земе мачката, која во меѓувреме ослабела 2,5 килограми.

„Верувам дека го поминала патот главно пешки. Има рани на шепите. Таа изгубила 40 отсто од телесната тежина”, изјавила Сузана Ангвиано.

Сопствениците сè уште не знаат како нивната мачка стигнала до Роузвил, но веруваат дека се обидела да се врати дома.

е-Трн да боцка во твојот инбокс