Кампањата, која се реализираше преку цела година, вклучуваше едукации, квизови, медиумски активности и организирање настани, со јасна цел: да се подигне свеста кај младите и родителите за важноста од навремено препознавање и реагирање на врсничкото насилство.
„Ова признание е доказ дека успеавме во нашата цел – да го кренеме гласот против врсничкото насилство. И во иднина, Макпетрол ќе ги насочи своите општествено одговорни политики кон вакви иницијативи. Ви благодарам.“ изјави Бранко Гапиќ од Макпетрол.

Со оваа награда, Макпетрол уште еднаш го потврдува своето лидерство во спроведувањето на општествено одговорни проекти кои создаваат позитивно влијание врз заедницата.