На 21 и 22 јуни во Домот на Култура – Гевгелија, Еurope House Струмица го најавува Александар Гроздановски, познат како 𝐇𝐞𝐫𝐳𝐞𝐥, како дел од АРТ УМ фестивалот во Гевгелија, со уникатен мастерклас и свој музички перформанс. 𝐇𝐞𝐫𝐳𝐞𝐥, значајно име на локалната и интернационалната електронска музичка сцена, ќе го сподели своето знаење и искуство на темата: “Кратка историја и вовед во електронската музика и основи на аналогна синтеза”.

Мастеркласот ќе биде поделен во три дела:
1. Хронолошки развој на електронската музика.
2. Аналогна суптрактивна синтеза и нејзините техники.
3. Краток перформанс и демонстрација на работа со аналогни синтисајзери, проследено со дискусија.