Мими Поп Алексова Атанасовскa и Марија Кичевска Шокаревска како Ана Каренина во НОБ

Ремек-делото „Ана Каренина“, балетска претстава во два чина со одбрана музика од рускиот
великан Петар Илич Чајковски на 23 и 26 јуни 2023 со почеток во 20 часот, ќе има двојна изведба
во Националната опера и балет.

Преку современите кореографски решенија сoединети со класичен балет на Лео Мујиќ од
Хрватска, минималистичката но ефектна сценографија, прекрасните костими на Александар
Ношпал, ќе видиме едно интересно визуелно, динамично и полно со страст балетско видување на
познатиот роман „Ана Каренина“ на големиот руски писател Толстој.

Во повеќе од два часа, балетските уметници од Националната опера и балет со впечатливиот,
емотивниот до исцрпување танц и инспиративните движења ќе ги пренесат сите емоции кои го
означуваат ова дело: љубов, страст, омраза, лутина, гнев, љубомора, тага, мајчинска болка…
Во главните улоги ќе настапат: Мими Поп Алексова Атанасовскa (23.6.), Марија Кичевска
Шокаровска (26.6.), Бобан Ковачевски (Балаж Лочеи, Унгарија), Гилерме Алвес (Португалија).
Настапуваат истакнати солисти, солисти и целиот балетски ансамбл на Националната опера и
балет.

е-Трн да боцка во твојот инбокс