Во рамки на проектот „Младински активизам за мултикултурализам – да се негува, да се дејствува!“, млади го документираа мултикултурализмот во државата преку фотографија.Вчера беше отворена изложбата „Младинска Моќ за Единство: Градење Мултикултурна Иднина“, каде можеше да се видат фотографиите од младите учесници. Тие претходно беа обучени од професионални фотографи за основите на фотографијата, а нивната задача беше да ги документираат културните наследства во своите заедници.

Преку активноста, младите ги подобрија своите фотографски вештини, а притоа учеа за различните култури и обичаи низ државата.„Ова искуство нè научи дека заедништвото и мултикултурализмот не се само зборови, туку вистинска потреба за иднината на нашата земја. Ние сме подготвени да го промениме општеството и да го направиме поинклузивно за сите“, изјави еден од учесниците.Настанот беше организиран од Аналитика тинк-тенк, во соработка со Иницијатива за граѓански интеграции ИГИ Гостивар и Организација на жени Струмица.
Tekст и фото: Мета