Летна aкадемија за медиумска писменост на МОФ

Младинскиот Образовен форум ја организира Летна aкадемија 2024 за медиумска писменост.

,,Сакаш да ги раскажеш приказните што другите не ги гледаат? Имаш око за детали и страст за вистината? Сакаш да бидеш гласот на својата генерација? Придружи ни се на МОФ Летна aкадемија 2024 пријави се на траката „Новинарство и медиуми” и откриј го светот на новинарството! Што те очекува?Мастерклас по новинарство: Ќе ги научиш сите тајни на занаетот од искусни новинари на Радио МОФ! Вештини за пишување и известување: ќе научиш како да пишуваш привлечни вести и да ги пренесеш информациите јасно и прецизно.Мултимедијално раскажување: ќе научиш како да создаваш интересни видео прилози и подкасти кои ќе ја привлечат публиката.Твојата приказна на Радио МОФ: ќе имаш можност да ја објавиш својата приказна на Радио МОФ!П.С. Ако се пронајдеш во новинарството, можеби токму ти ќе бидеш следниот дописник на Радио МОФ! ” порачуваат од Радио Моф.

Пријавувањето е до 8 август 2024 година. МОФ Летната академија 2024 се организира со поддршка од Проектот на USAID North Macedonia за медиумска писменост „Младите размислуваат“ Media Literacy Project YouThink.

е-Трн да боцка во твојот инбокс