Велат, една фотографија е илјада зборови, а доказ за тоа е компилацијата на наградени фотографии од годинешниот избор на магазинот на National Geographic 2023. Фотографите од ширум светот по малку го збунија жирито со својата креативност, а годинава се натпреваруваа во категории како патување, диви животни, урбани поставки, луѓе, храна, пејзажи и подводен свет.
На насловната страна се најде фотографијата на Ренато Граниери, во категоријата луѓе. Оваа фотографија се закити со наградата Гранд При.

Маријама Турај (лево) и Марах Хава, двајца ново квалификувани еко – чувари на Националниот парк „Лома планини“ во Република Сиера Леона, држава во Западна Африка. За жирито на овогодинешниот натпревар да ја одбере оваа фотографија на фотографот Ренато било тоа што тој успеал да овековечи „автентичност на заедничката смеа“.
Ед Хаслер, победник во категоријата: Дивиот свет

Елен во паркот Ричмонд, Лондон. За жирито да ја вброи оваа фотографија во оваа листа на топ наградени била прекрасната палета на бои која остава впечаток на спокојна, интимна сцена во природата.
Сем Дејвис, победник во категоријата: Пејзаж

За судиите оваа фотографија, која е направена на Гренланд, да ја категоризираат меѓу најдобрите пресудно било тоа што беспрекорно е доловена нејзината едноставност. Фотографот Дејвис успеал да постигне хармонија на геометриските форми од мраз кои доминираат на контрастот што го дава бојата на морето.
Ричард Квирк, победник во категоријата: Урбани поставки

Оваа фотографија на фотографот Квирк е направена во Мексико Сити. Како што рекле членовите на жирито воодушевува тоа што е одбран вистински агол за да се долови автентичен приказ на урбана средина низ поинаква призма.
Симон Урвин, победник во категоријата: Храна

Урвик успеал при своето патување во Тенеси на совршен начин да го овековечи моментот на локалната готвачка Хелен Тарнер додека ја подготвува храната во својата кујна. Жирито дало кус коментар: „Совршено темпирана слика со сите елементи“.
Серж Мелесан, победник во категоријата: Подводен свет

Наградата за подводен свет е на Серж Мелесон која направила три фотографии од подводниот свет во Индискиот Океан, северо-западниот брег на Мадагаскар.
